Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за предвремени избори? Османи во „Клик Плус“: Се комуницирало, очекуваме избори напролет
„Да, бараме“ – вака потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, одговори на прашањето дали од ДУИ разговарале со некој од ВМРО-ДПМНЕ и дали постои согласност за предвремени парламентарни избори, во контекст на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека доколку опозицијата побара избори, ВМРО-ДПМНЕ нема да бега од нив.
„Нормално, во различни форми се комуницирало и кај нив. Нема некој голем отпор во таа насока и очекуваме дека некаде следната пролет ќе има предвремени избори. И, ние се подготвуваме за тоа“, изјави Османи.
На прашањето дали имало официјални состаноци што се одржале, Османи не сакаше да коментира и да навлегува во детали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…