Објавено на:

Дали Македонија и Бугарија се блиску до решение: Петков вчера ги свикал коалиционите парнтери, еве што разговарале

t

„24 часа“: Средба на лидерите на владејачката коалиција во Бугарија за Македонија

Софиското издание „24 часа“ синоќа соопшти за одржана средба на лидерите на владејачката коалиција во Бугарија на тема Македонија, повикувајќи се на учесници на средбата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, двете главни теми биле пристапувањето на Македонија во Европската Унија и обединување околу заедничка кандидатура за шеф на Бугарската народна банка.

Локалните медиуми потсетуваат на зборовите на бугарскиот премиер Кирил Петков на средбата на премиерите на државите членки на НАТО од Југоисточна Европа што се одржа во Софија, дека Македонија има место во европското семејство и тоа треба да се случи што е можно поскоро.

За време на средбата Петков рекол и дека Бугарија и нејзината влада се посветени тоа да се постигне, но има прашања кои треба да се разјаснат етапно, меѓу кои се и правата на малцинствата.

Кирил Петков посочил дека Бугарија и Македонија постигнале голем напредок во односите во последните три месеци, вклучително и за историските прашања, и дека прво ќе ги запознае своите коалициски партнери со извештајот за напредокот на историската комисија, а потоа ќе го тоа претстави пред јавноста во Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…