Дали македонските Бугари се ставаат во функција на бугарската длабока држава?

t

Нова декларација, рехабилитација на одредени личности и подготвеност за отворање на политичките досиеја се трите става, што дојдоа од државниот врв во врска со една од точките на формулата 5+1 од патната карта, која треба да биде услов за кревање на бугарското вето за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

Но, за жал, иако Македонија ги испрати одговорите на сите барања до официјална Софија, ниту политичката, ниту пошироката јавност не ја знае точната содржина на ниту еден, па и на овој одговор. Ова, пак, е причина за отсуство на суштинска дебата, што отвара простор за многу шпекулации, особено за вака чувствително прашање, анализира „Пресинг ТВ“

Прашањето се актуелизира, откако Бугарија сврте нова страница, па наместо акцент на историјата, што не наиде на одѕив и прифаќање кај своите европски партнери, се ориентираше на човековите права и слободи.

За тоа што се крие зад барањето на официјална Софија од овој аспект може да се претпостават неколку работи. Првенствено, официјална Софија бара непобитни докази за своите тврдења дека на крајот и во периодот по Втората светска војна биле убиени околу 23.000, а прогонувани и насилно иселени околу 120.000 македонски Бугари, што ќе значи дека македонизмот бил насилно воспоставен во државата и оти Македонците биле геноциден народ. Потоа, дека македонските Бугари биле изложени на константни репресии на државната тајна комунистичка полиција, па и во времето на плурализмот, дека сите судени и осудени лица за припадноста на ВМРО или за ванчомихајловизам биле исклучиво македонски Бугари и ништо друго, што апсолутно не соодветствува со вистината и реалноста. И конечно, сето ова треба да доведе до негација на македонизмот, ревидирање на врховизмот, рехабилитација на Иван Ванчо Михајлов, алијас „Илегални“, и неговите најблиски соработници, што ќе значи и пишување сосема нова историја-aнализира „Пресинг ТВ“

Сето ова само од една страна, а од друга, целосно да ја обелодени неподготвеноста на Република Македонија да расчисти со своето комунистичко минато, чии последици се чувствуваат до ден денес. Само за потсетување, ние сме единствената држава во Европа, која не ја усвои резолуцијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за осуда на комунизмот како тоталитарно општество. А, тука мора да се споменат и неизбежните глупости, што ги правеле луѓето од тајната полиција и од армиската КОС, особено околу линиите на работа и прогон на лицата, кои им биле на удар.

Колку сме како држава и општество подготвени за сето ова е сосема друга работа. Затоа и загриженоста од нетранспарентноста на власта, зашто постои сериозна опасност повторно да се стави потпис на нешто што може да предизвика длабоки последици, кои повеќе ќе не разделат, отколку што ќе не приближат со Бугарија. Особено ако и по оваа точка не се инсистира на чист реципроцитет, со оглед дека на комунистички, па и плуралистички репресии ништо помалку не биле изложени и Македонците во Бугарија.

Ако се погледнат снимките од последниот прием и разговорите на делегацијата на македонските Бугари кај бугарскиот претседател Румен Радев во настапот на минимум двајца членови може да се препознае типично ставање во функција на бугарската длабока држава. Нивните „жалби“, „поплаки“ и барања се стари најмалку две децении и оттука сомнежот во нивните искрени намери.

Ова, пред се, од фактот дека Република Македонија ги отвори политичките досиеја на тајната полиција уште пред 20 години. И тогаш сите граѓани, без оглед на било каква припадност, имаа можност да ги видат сопствените досиеја под услов да им бидат познати, но не и да ги обелоденуваат имињата на задолжените оперативци и нивните соработници, кои ги кодошеле. И за тоа повеќе од сигурно постои точна евиденција кој го видел, а кој не личното досие.

Оттука и логичното прашање зошто би се правел исклучок за македонските Бугари, на кои токму сега им текнало на досиејата, и по што тие се разликуваат од сите останати граѓани во државата?! Ова му доаѓа нешто слично на оној будалата од Фондацијата Македонија, кој правеше сцени на граница со пренесување книги на бугарски јазик, а меѓу нив и таа со песните на браќата Миладиновци, што беше објавена уште на почетокот на 90-тите години од минатиот век.

Ова, пак, апсолутно не значи дека тие не биле на удар на тајните служби. Напротив, биле и тоа како биле, со тоа што интензитетот бил различен во зависност од историските периоди и услови, па и од односите меѓу некогашна СФРЈ и Република Бугарија, а тоа продолжило и во времето на плурализмот.

Ако веднаш по војната ванчомихајловизмот и припадноста на ВМРО биле основни линии за „пресметка“ со политичките неистомисленици, а не со македонските Бугари, подоцна тоа стануваат врховизмот и македонскиот екстремизам. И тука е главната противречност, зашто не само што негацијата на македонизмот не може да оди заедно со неговиот екстремизам, туку сега по автоматизам создава нееднаквост-ќе се рехабилитираат „врховистите“, а македонските екстремисти не!? За да бидеш македонски екстремист, на пример, било доволно во една песна трипати да ја споменеш само Македонија! Или за нив ќе остане доволна Декларацијата за извинување на жртвите на претходниот режим во која не се споменува ни зборот комунизам, што излегува дека не е доволно и за македонските Бугари!? И по што тие се разликуваат од сите останати граѓани жртви на тајните служби, без оглед на нивната етничка припадност!? По тоа што служат како маша на бугарската длабока држава за да се продолжи политиката на вето кон Македонија!?

И овие не се единствени примери за линии на работа на тајните служби. Веднаш по војната и неколку години по неа, постоеле уште најмалку 11 други, кои не биле водени според етничката припадност. И како меѓу нив ќе се пронајдат токму македонските Бугари или сите ќе мораат да бидат прикажани како такви!? Не чека ли со тоа еден вид нов идентитетски инженеринг!?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

Вучиќ: Бугарите негодуваат, затоа што сме попопуларни…

Ги сакам сите вина на нашите браќа…

Кацарска во интервју за бугарска телевизија: Нема…

Нема никаква законска пречка Бугарите да станат…

Бугарофилите кои играа оро на протести и…

Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ, ги коментира…

Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…

Одговорноста има име и презиме, тоа е…