Дали министерот ќе не оправи: Меџити потврди дека ќе има нови ригорозни мерки за намалување на бројот на пушачите
Тој вели дека и електронските цигари се исто така штетни како и обичните цигари и за тие цигари треба да има посебни мерки.
„Нови ригорозни мерки од Јануари за намалувањето на бројот на пушачи ќе има, но кои треба да решиме со останатите министери и премериот во владата“, изјави министерот Фатмир Меџити кој вчера им најави на пушачите на цигари да му ја мислат во иднина дали ќе продолжат со оваа штетна навика или не.
Министерот вели дека и според протоколите на СЗО, но и со истражувањата на медицината со превентива и намалување на конзумација на цигарите се намалува и бројот на одредени заболувања. Доктор Петровски од Институт за јавно здравје објаснува дека 45% од возрасните граѓани пушат цигари, 4,5 % од децата до 16 години веќе пробале цигари. Тој вели дека и електронските цигари се исто така штетни како и обичните цигари и за тие цигари треба да има посебни мерки.
Светската здравствена организација како една од мерките е зголемувањето на цената на цигарите. Според нивните истражувања 65% од пушачите и поранешните пушачи на цигари рекле дека цената на цигарите е мотиватор за откажување.СЗО вели дека просечената цена на кутија од 20 цигари е 120 денари и е многу пониска од другите земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…
ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…
Иран упати сериозни закани за ракетни напади…
Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…
Кличко ги повика жителите на Киев да…
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…
Тошковски: Македонските граници се под зголемен притисок…
Македонската полиција бележи зголемен притисок на државната…