Дали Мицкоски е лично вклучен и ги диригира криминалните процеси во земјата?!

t

Дали Христијан Мицкоски е лично вклучен и ги диригира криминалните процеси во земјата – прашуваат од опозицискиот СДСМ откако вчера беше приведен полициски службеник, член на обезбедувањето на премиерот поради оддавање на службена тајна. Обвинија оти обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата кои, како што велат, тој лично ги одбрал на овие позиции.

Партијата изрази сомнеж за координација меѓу најблиските луѓе на премиерот и криминалното подземје и оттука прашува дали неговото обезбедување делувало самоволно или било испратено да пренесе информации бидејќи тој, како што додаваат, согласно своите надлежности, нема пристап до доверливи податоци.

„Пред само неколку месеци, шефот на неговото обезбедување претепа полициски службеници и спречи полициска акција за сузбивање на дрога – настан што и тогаш МВР се обидуваше да го прикрие. Вчера, неговиот личен избор за обезбедување, Ангел Самараков, беше фатен како оддава службени тајни на лица од Грчец. МВР цел ден се обидуваше да го скрие скандалот, но под притисок на медиумите кои ја дознаа вистината, беше принудено да излезе со информација во јавноста. Ова ли се луѓето што ќе го ‘ресетираат’ системот?“, велат од СДСМ.

Екипи на МВР приведоа полицаец од Одделот за заштита на определени личности, откако при претрес на возило во кое бил со уште едно лице е пронајден ранец со службени материјали од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…