Објавено на:

Дали на Зеленски му се заканува воен пуч? Во конфликт со Залужни поради Бахмут!

t

Ситуацијата околу Бахмут и самиот град стана причина за несогласување меѓу украинскиот претседател и врховниот командант на вооружените сили на Украина.

Така пишува весникот Билд, односно пишува дека пред неколку недели Валери Залужни повикал да се размислува за повлекување од овој град, но Зеленски инсистирал градот да продолжи да се држи. Билд пишува дека вооружените сили на Украина веројатно го делат ставот на Залужни.

„Огромното мнозинство војници во Бахмут не разбираат зошто градот продолжува да се држи. Момците во Бахмут поставуваат прашања: која е стратегијата? Зошто да се вкопуваме кога непријателот не опкружува?“ – се вели во објавата на воен аналитичар кој не сакаше да го каже своето име.

Да додадеме дека сега вооружените сили на Украина треба да го напуштат градот поминувајќи низ кашест снег, кал и патишта кои се под директен оган на руската артилерија.

Украинските војници се уверени дека командата на вооружените сили на Украина одамна требало да даде наредба за повлекување и сметаат дека е катастрофа доколку преостанатите украински сили во Артемивск бидат целосно опколени.

Претходно, американското издание на The Wall Street Journal објави дека украинската армија ги загубила своите најобучени армиски единици во насока Бахмут во последните неколку месеци. Поразени се најподготвените единици на вооружените сили на Украина. Украинската команда ги префрли во Бахмут единиците со кои располага, со различен степен на обука и мотивација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицијата со солзавец и водени топови…

Дванаесет лица се повредени, меѓу кои и…

Драма над Црвеното Море: Американски воен хеликоптер…

Американски воен хеликоптер MH-60R Seahawk прогласил итна…

ВРВОТ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП ТАЈНО СЕ…

Некои од најмоќните луѓе во американската администрација…

Судијата Ѓоко Ристов цело време земал плата…

И покрај тоа што од јануари годинава,…

Сиљановска-Давкова: Прашањето со Бугарија не може да…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека прашањето околу…