Дали Путин се пошегува дека ќе ја поддржи Камала Харис? Се огласи Песков
За жал, Русија и личноста на шефот на државата Владимир Путин се составен дел од политичката борба во САД, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Очигледен е фактот дека и нашата земја и нашиот претседател, за жал, се составен дел од политичката борба на Соединетите Држави“, изјави Песков за новинарите, одговарајќи на прашањето кој кандидат го претпочита рускиот претседател на претседателските избори на САД.
На новинарското прашање дали поддршката на Путин за Камала Харис е сериозна или шега, Песков денеска одговори дека луѓето сами треба да донесат заклучоци, пренесува “Reuters”.
„Кога му поставуваат прашање за меѓународни теми, тој ги коментира. Што се однесува до неговиот тон, луѓето кои се заинтересирани за него треба да се обидат да го протолкуваат“, рече Песков.
За време на пленарната сесија на Источниот економски форум, Путин ја коментираше смеата на кандидатката за претседател на САД од Демократската партија Камала Харис, посочувајќи дека таа е „многу заразна“ и дека тоа значи дека „се е во ред“ со неа и дека може да се воздржи од санкциите против Русија.
Путин ова го наведе како причина за руската поддршка за неа, а не за нејзиниот републикански противник Доналд Трамп, објави рускиот весник „Известија“.
Британската агенција “Reuters” коментарот на Путин за „заразното смеење“ на Камала Харис го оцени како ироничен и забележа дека Путин вчера се смешкал додека го коментирал.
Набргу по изјавата на Путин, портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби вчера изјави дека рускиот претседател треба да престане да зборува за претстојните претседателски избори во САД и да не фаворизира никого на кој било начин.
Американските разузнавачки служби сметаат дека Русија сака Трамп да победи, според извори од ноември, бидејќи тој помалку ја поддржува Украина во војната против Русија, забележува британската агенција, но ја истакнува и вчерашната изјава на Путин за строгите санкции на Трамп против Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Авиокомпании организираа специјални летови за набљудување на…
Некои авантуристички патници ќе ги прескокнат толпите…
Казните на „Безбеден град“ наскоро ќе ги…
Ако возите со 80 километри на час…
Кремљ бара Ерменија да одржи референдум: „Или…
Москва ја покани Ерменија да одржи референдум…
Како се вози низ Македонија: Над 1.300…
Полициските службеници во текот на изминатите два…
Македонија стави два авиона за гаснење пожари…
Македонија се вклучи во заедничкиот европски систем…