Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?, прашуваат од СДСМ
Кој ќе одржи прес конференција денеска во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ да ги прогласи Мицкоски и Николовски за епски криминалци? – прашуваат од опозицискта СДСМ.
Кога беа опозиција Мицкоски, Николовски и целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ, со месеци држеа прес-конференции, обвинувајќи дека фирмата ИРД Инженеринг е „симбол на злоупотреби“, „сомнителна компанија“, „епски криминал“.
Мицкоски и ДПМНЕ изјавуваа дека ќе го раскинат договорот, дека ќе бараат истраги, кривична одговорност. Имаа полни усти со големи зборови за наводен криминал и бараа Јавното обвинителство да постапува.
И сега кога се власт склучија договор со истата таа компанија, ИРД инеженеринг.
Ако ИРД Инженеринг беше „симбол на злоупотреби“, како што тврдеше Мицкоски, тогаш зошто потпишува договор со нив?
Дали тоа значи дека сега и Мицкоски е дел од епскиот криминал? – се вели во соопштението на СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Навроцки го прекина летот за Сенегал по…
Полскиот претседател Карол Навроцки го прекина патувањето…
Туск: „Или ќе ги исфрлите од парламентот,…
Полскиот премиер Доналд Туск ги повика избирачите…
(Видео) Полската опозиција обвинува за „државен удар“
Извештаи за полициска интервенција во полскиот Уставен…
Радичевски: Општината е на сите граѓани од…
„Овој поглед ме прави горд и ми…
(Видео) Драма во Полска: Полицијата влезе во…
Полска се соочува со нова политичка и…