„Дали си ги видовте децата насилници? Така ги имате воспитано од дома?“ – адвокатка „распали“ по родителите на децата кои малтретираа девојче

t

Aдвокатката Катерина Котеска-Стисниовска по виралното згрозувачко видео од врсничко насилство кое ја потресе јавноста во Македонија, излезе со своја реакција, во која, го бара коренот на проблемот во родителите.

„Овие на видеото се вашите деца и ако имате капацитет да сфатите колку од вас и кои од вас ја утнале има уште надеж за децата“, вели адвокатката.

Во нејзината објава на Фејсбук, таа јавно ги прашува родителите на насилниците, дали си ги виделе децата, дали се горди на нив и дали така ги имаат воспитано?

„Дали си ги видовте децата насилници на видеото? Горди сте на нив ? Така ги имате воспитано од дома? Не? Епа како станале такви садисти и насилници? Да не случајно ти како татко креваш рака на мајката?Ја кубеш за коса и и лепиш шамари туркајќи ја на колена да то се извини што можеби супата ти се изладила? Да не случајно мајко ти седиш во бракот поради децата или затоа што ако се разведеш ќе те прават распуштеница,а добиваш шамари и кубење за коса за да се извинуваш на колена за нешто што не си згрешила? Гледате ли дека во брак со насилство не се останува заради децата бидејќи ќе научат дека тоа е однесување со кое се решаваат проблемите?“, пишува Котеска-Стисниовска.

Воедно таа преку прашање алудира дека занемарувањето на децата и пиењето кафе или пиво со другарите секој ден, гледањето турски серии или Фејсбук и Инстаграм, седење во кладилница со билтен, наместо дома со децата се одразува на нивното воспитување

„Ја гледате ли својата слика? Пардон,ама моите деца и децата на многу луѓе никогаш не се степале, не решавале конфликт заради озборување со шамари и кубење и понижување на колена! Овие на видеото се вашите деца и ако имате капацитет да сфатите колку од вас и кои од вас ја утнале има уште надеж за децата. Гревот да му го берите!“, порача адвокатката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Дали си ги видовте децата насилници? Така…

Aдвокатката Катерина Котеска-Стисниовска по виралното згрозувачко видео…

Брилијантниот бугарски писател: Од сите соседи, најдобри…

Доајенот на бугарското новинарство, дипломат и писател…

Украина обвинета за саботажа на „Северен тек”

Украинските државни власти стојат зад саботажата на…

Судењето против деветтемина полициски службеници за пожарот…

Со изведување материјални докази денеска продолжи судењето…

„Еуроњуз“: ЕУ ќе пренасочи средства за Западен…

Европската Унија е подготвена да пренасочи дел…