Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?
Случајот со Ива Михаилова ја потврдува тезата дека Филипче и Зоран Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Го прашуваме директно Венко Филипче дали тој и Зоран Заев имале каква било комуникација или договор со лица блиски до Румен Радев за насочување на лекувањето на Ива Михаилова во Бугарија? Дали имало политички притисоци, посредувања или ветувања поврзани со медицинската документација и одлуката за продолжување на нејзиното лекување надвор од Македонија? – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ива Михаилова, е осомничена во кривично правен настан, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според информациите што се изнесуваат во јавноста, на 19 март 2026 година бил изготвен медицински извештај од доктор Иван Барбов, другар на Филипче и Заев, во кој се наведува дека лекувањето треба да продолжи во Бугарија. Како е донесена одлуката, врз основа на кои стручни медицински процени и дали врз неа влијаел каков било надворешен фактор? Ова се прашања што мора да добијат одговори врз основа на документи и факти, а не на политички препукувања. И додека надлежните институции и политички субјекти јавно реагираат на постапките и односот на официјална Софија, Филипче и СДС молчат за улогата на бугарските власти во овој случај, се наведува во соопштението на владејачката партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Македонија не смее да биде заложник на политички долгови на Заев и Филипче на нивните лични релации или задкулисни договори.
-Ниту една медицинска состојба не смее да биде инструмент за политички манипулации, а уште помалку повод за поткопување на довербата во домашните институции. Затоа, ги повикуваме надлежните институции да ги испитаат сите околности околу изготвувањето на медицинскиот извештај, евентуалните контакти со политички претставници и постапките на сите инволвирани лица, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Не е точно дека ги ставам…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Русија, Украина и САД пред нови преговори:…
Делегации на Русија, Украина и САД треба…
Нападнат клучниот саудиски нафтовод „Исток–Запад“: Избувнал пожар,…
Саудиска Арабија соопшти дека нејзиниот стратешки нафтовод…
Морничави закани кон новинарката Милка Смилевска на…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро…
Томески: Пожар зафати куќи кај Бит –…
Пожарот што попладнево избувна во куќи во…