Дали ќе откажат од зголемената плата? Пендаровски ќе зема 2,500 евра , Ковачевски 2.000

t

Не стивнуваат реакциите по одлуката на Уставниот суд за 78 проценти да им се зголемат платите на министрите, судиите, градоначалниците, премиерот, претседателот и уште многу други фунцкионери.

Народот е револтиран, на социјалните мрежи се повикува на протести. Со право се прашуваат дали во буџетот има пари за овие зголемување на платите и дали државата може ова финансиски да го издржи.

Владата излезе со нејасно сооптение за одлуката на Уставниот суд.

Оттаму велат дека одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица е конечна и треба да се почитува но и дека тоа не значело дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица за 78 проценти.

Со новото покачување платата на премиерот Ковачевски ќе биде 2000 евра, на министрите нешто помалку.

Вчера со реакција излезе и претседателот Пендаровски. Тој како невкусна ја искоментира одлуката на Уставниот суд во време на економска криза.

Но, она што е најважно е што ниту Пендаровски ниту Ковачевски не се изјаснија дека ќе се откажат или ќе ја донираат зголемената плата.

Досега тоа најавија дека ќе го сторат градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски и на Центар Горан Герасимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…