Данела му одговори на градоначалникот на Ѓорче Петров: Стојкоски, освен твоите другарчиња од штаб, сите останати знаат да читаат, тоа ти е сега најголемиот проблем
Стојкоски, освен твоите другарчиња од штаб, сите останати знаат да читаат, тоа ти е сега најголемиот проблем.
Дали ти ги праша жителите на Ѓорче Петров дали тие сакаат хемиски фабрики на 157.000 m2 и над 30 висококатници да се градат сред општината? НЕ!
QAИ покраш тоа што како град Скопје дадовме негативно мислење за овој ДУП, ти упорно сакаш да убедиш некој дека хемиски фабрики е супер да се градат во Ѓорче, а ги молчиш дивоградбите таму и висококатниците кои си дал амин да се градат на булевар на небезбедна одалеченост.
Никому јас не стварам никаква несигурност, освен на тебе и твоите пајташи! Ајде сега читај и гледај фото:
1: Како изгледаше ДУПот во Ѓорче Петров
2: Како изгледа ДУПот што си го изгласал за кој имаш негативно мислење од Град Скопје
3: Како изгледа сега таа локација сред Ѓорче
4: Во твојот ДУП објект Хемиска фабрика 1
5: Во твојот ДУП објект Хемиска фабрика 2
6: Во твојот ДУП објект Хемиска фабрика 3
7: Стојкоски кога лаже 1
8: Стојкоски кога лаже 2
Целиот ДУП е достапен на твојата веб страна за ова да си го видат граѓаните: https://opstinagpetrov.gov.mk/…/sintezen_sz_16_gp.pdf
Бидејќи многу сакате референдуми Стојкоски, направи сега еден да ти кажат ѓорчепетровци лично дали сакаат своите деца и домови да им се наоѓаат меѓу хемиски фабрики!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри,…
Преспанското Езеро на 7 септември имало 53…
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Лавров по инцидентот со авионот на Зеленски:…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Трамп поделил големи бонуси за свои помошници,…
Претседателот на САД, Доналд Трамп им подари…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…