Данилов со сериозни обвинувања: Унгарија знаела дека Русија ќе ја нападне Украина, сакаат да земат дел од нашата територија
Секретарот на Советот за национална безбедност на Украина Олексеј Данилов изјави дека Унгарија знаела за рускиот напад на Украина уште пред да се случи.
„Унгарија отворено ја декларира својата соработка со Руската Федерација. Згора на тоа, од Путин однапред беа предупредени дека ќе има напади врз нашата земја. Ја видовте нивната позиција“, рече Данилов.
Според него, Унгарија имала планови за дел од територијата на Украина.
„Поради некоја причина, таа веруваше дека ќе може да го земе својот дел од нашата територија. Ова никогаш нема да се случи. Па, ќе видиме какви последици ќе има по оваа војна за оваа земја“, нагласи секретарот.
Претходно беше објавено дека Унгарија повторно се заканува дека ќе го блокира ембаргото за нафта против Руската Федерација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Приведен поранешниот гувернер на унгарската централна банка,…
Поранешниот гувернер на Унгарската централна банка, Ѓерѓ…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…