Објавено на:

Данска размислува да ја пpeкине програмата за вakцинација пpoтив кopoнавирус

t

Данските здравствени власти денеска соопштија дека размислуваат од пролетва да ја прекинат програмата за вакцинација против коронавирусот и дека не гледаат причина децата да се вакцинираат со „засилувачката” доза, ни ризичните групи со четврта доза.

Здравствените власти соопштија дека третиот бран на инфекцијата со коронавирусот слабее поради имунитетот на поголем дел од населението и додадоа дека високата стапка на вакцинација, особено со трета доза, значи дека Данска може да се справи со зголемените инфекции без сериозни симптоми.

Данската Влада мин атиот месец на постарите лица и другите ризични групи им понуди четврта доза од вакцината поради брзото ширење на омикрон сојот на коронавирусот.

Меѓутоа, здравствената агенција сега заклучи дека трите дози обезбедија добра заштита на корисниците на старечките домови и на лицата постари од 85 години и одлучи дека во моментов не е потребна дополнителна доза.

Данска во ноември ја прошири својата програма за вакцинација на деца на возраст од пет до 11 години. Властите, меѓутоа, денеска изјавија дека сега планираат да ја прекинат досегашната програма за вакцинација за сите групи, вклучувајќи ги и децата на таа возраст.

Агенцијата соопшти дека размислува „подоцна, во текот на пролетта да ја заврши целата програма за вакцинација “.

„Се разбира, внимателно ќе го следиме развојот на епидемијата и подготвени сме да ја промениме одлуката доколку, спротивно на очекувањата, дојде до четврти бран или нови загрижувачки соеви”, наведува агенцијата.

Данските власти во текот на овој месец ги укинаа повеќето ограничувања наметнати поради пандемијата, наведувајќи дека Ковид-19 веќе не се смета за „претерано опасна болест за општеството”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на…

Со исправена глава, поставени на вистински европски…

Лукаревска: Сметам дека ќе бидеме фактор на…

Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот,…

Полска потпиша договор за купување повеќе ракетни…

Најголемата јужнокорејска одбранбена компанија, „Hanwha Aerospace“ го…

Хоти: Никој веќе не му верува на…

Поранешниот премиер Авдула Хоти изјави дека поради…

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…