Данскиот министер за надворешни загрижен за безбедноста на Балканот: Поради ситуацијата во Украина важно е да се чува стабилноста во БиХ
Данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод денеска од Сараево изјави дека по руската агресија врз Украина, важно е да се зачува стабилноста во Европа, вклучително и БиХ, и дека го смета зајакнувањето на демократските институции и одржувањето на изборите закажани за 2 октомври за важен придонес кон таа цел.
„Војната се врати во Европа на размери што никој не можеше да ги замисли. Важно е ние, кои се залагаме за слободата, да бидеме обединети“, рече Кофод за новинарите по состанокот со министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ.
Тој рече дека најдобар начин за што поскоро завршување на војната е да продолжи да и се помага на Украина и да се зајакне нејзината одбрана и рече дека заканите на Русија кон БиХ доколку таа земја стане членка на НАТО се неприфатливи.
„Нашите соседи не треба да одлучуваат за избори во друга земја“
Тој рече дека е неопходно да се поддржи БиХ да функционира како вистинска демократска држава.
Турковиќ пак, рече дека на дневен ред се и претстојните избори во БиХ, закажани од Централната комисија за 2 октомври.
Според неа, тие се согласиле дека изборите мора да се спроведат во согласност со важечкиот закон, а нивното оневозможување би било кршење на Дејтонскиот договор.
„Нашите соседи не треба да одлучуваат за избори во друга земја, како што ние немаме право да се мешаме во внатрешните работи на другите земји“, рече Турковиќ индиректно коментирајќи ги приговорите на Хрватска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данска распореди регрути во Гренланд
Данска распореди регрути во Гренланд, својата автономна…
Македонскиот научник Петар Поповски во Данска стана…
Угледниот научник од Македонија и долгогодишен професор…
Кралот на Данска патуваше низ Гренланд со…
Данскиот кралот Фредерик X патувал низ Гренланд…
Данската премиерка поднесе оставка
Данската премиерка Мете Фредериксен поднесе оставка откако…
Данска: Гренланд има сопствена здравствена заштита, не…
На Гренланд не му е потребна насочена…