Дардан Венетски му пиша на Мицкоски: Лично ти ќе станеш соучесник во злосторот према македонскиот народ и тоа со умисла!

t

МИЦКО, СЕРИОЗНО МИСЛИШ ДЕКА ЌЕ УСПЕЕШ ДА МОТИВИРАШ 920.000 ГЛАСАЧИ ДА ИЗЛЕЗАТ НА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДА СЕ ПОНИШТИ ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО?

Како да те советувале Заев или Пендаровски. Незнам кој те советувал, но неможе да незнаеш дека според проценките во земјава нема повеќе од 1.400.000 граѓани. Неможе да незнаеш дека ќе те бојкотираат сите албански партии, како и СДС со сите негови сателити. Неможе да незнаеш дека досега ниту една партија не собрала повеќе од 500.000 гласа.

Со оглед на ова, оптимизмот ти е само зелена илузија. Ќе бидам пресреќен ако гешам и ако успееш. Но дали знаеш што ќе се случи ако проценката ти е зелена?

1. Ќе го зациментираш договорот за добрососедство. 2. Ќе ги легитимираш сите антимакедонски одлуки на оваа ненародна власт. 3. Ќе ги мотивираш твоите пратеници да гласаат за уставни измени. 4. Ширум ќе ги отвориш вратите за бугаризација. Конечно, 5. Лично ти ќе станеш соучесник во злосторот према македонскиот народ и тоа со умисла.

ЗАТОА ДОДЕКА Е ВРЕМЕ ПОВЛЕЧИЈА СВОГАТА ЗЕЛЕНА ОДЛУКА, А ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА РАСКИНУВАј ГО КОГА ЌЕ СТАНЕШ ПРЕМИЕР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку четворица загинати и 20 повредени во…

Израелската армија ја нападна и уништи болницата…

Алармантни бројки: Осум случаи на семејно насилство…

Осум одделни случаи со елементи на семејно…

Есенско заладување доаѓа во Македонија и на…

Полека но сигурно на летото и на…

Дрска измама: Лажел дека му требаат пари…

На 05.09.2026 во 18:00 часот во СВР…

(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во…

Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата…