Дарко Чурлинов пристигна во Барнли, во тек се лекарските прегледи, потпишува за англискиот клуб
Дарко Чурлинов доцна синоќа од Париз „полета“ за Барнли, тој е веќе на лекарски прегледи во Англија, во организација на клубот, се очекува доцна попладнево епилог од најавениот трансфер.
Извесно е дека Чурлинов ќе потпише за Барнли откако ќе се завршат вообичаените прегледи, македонскиот репрезентативец ќе игра во Англија, за првпат во кариерата ја напушта Германија, откако како 14. годишно момче прво играше за Рошток, потоа Магдебург, Келн, Штутгарт и Шалке.
Штутгарт ќе инкасира околу 5 милиони евра од трансферот на Чурлинов кој се очекува да потпише перманентен договор со Барнли на најмалку три сезони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еве како полицијата во Италија се подготвува…
Полицијата во Италија подготвува засилени контроли, надзор…
Франција распоредува 70.000 полицајци: Лувр и други…
Француските власти најавија распоредување на околу 70.000…
Сиљановска-Давкова-Бака: Потребни се реформи во меѓународните организации…
По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската…
Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со…
Денеска во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски…
„Конц-логор, деспотство од азиски тип“: Нови навреди…
Карлос Контрера, советник во Софија и потпретседател…