Даути поднесе оставка: Алијанса остана без координатор на пратеничката група

t

Алијанса за Албанците остана без координатор на пратеничката група откако Илирие Даути преку Фејсбук информира дека си поднела оставка од таа функција. Даути како причина за оставката од шеф на пратеничката група го навела поразот на Алијанса за Албанците на вонредните локални избори во Тетово на кои партијата не освои ниту едно советничко место.

-Резултатот на последните локални избори, а уште повеќе многу слабиот резултат за Советот на Тетово, ме погоди и мене, а мојата совест како пратеник од шестата изборна единица не го надминува и не можам да бидам рамнодушна. Затоа, ве информирам дека штотуку поднесов оставка од функцијата координатор на пратеничката група на Алијансата за Албанците, единствена титула што ја имам во моментов од политичкиот субјект. Вам кои верувавте во мене континуирано, сакам да ви кажам благодарам од се срце, ако можете продолжите да верувате во мене затоа што јас силно верувам во вас – вели Даути.

Пратеници од Алијанса за Албанците за „Слободен печат“ велат дека Даути ги информирала за оставката и дека ја поднела од лични причини. До избор на нов координатор, пратеничката група ќе ја предводи заменик координаторот Сурие Рашиди.

По катастрофалниот пораз на Алијанса за Албанците на изборите за Советот на Тетово оставка поднесе и лидерот на партијата  и пратеник Зијадин Села.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…

„Јас сум убеден дека ако останат со…

Русија и Кина формираат енергетска алијанса

Русија и Кина се во процес на…