Дачиќ: Во Србија активни околу 200 пожари
Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ, денеска за време на обиколката на областа зафатена од пожар на Стара Планина, кој го гаснат припадниците на Секторот за вонредни ситуации со помош на припадници на Хеликоптерската единица на МВР, изјави дека во претходните 24 часа во Србија биле изгаснати 159 пожари.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Дачиќ изјавил дека моментално во Србија се активни околу 200 пожари.
„Се наоѓаме на Стара Планина, поточно на Видлич, селата Басара и Крупац, каде што моментално е жариштето на голем пожар кој зафати повеќе од 2.500 хектари. Сите наши единици дојдоа овде за да помогнат, заедно со припадниците на другите специјализирани државни органи, Србијашума, и специјализираната единица за цивилна заштита“, изјави Дачиќ.
Тој додаде дека се претпоставува дека причината за пожарот бил гром, кој потоа брзо се проширил. Огнот се шири брзо, суво е, и се појавува ветер кој понекогаш дува со скоро нефатлива брзина“, додаде Дачиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…