Дачиќ договорил со Тошковски од август во Охрид да патролираат и полицајци од Србија
Од авуст во Охрид ќе патролираат и полицајци од Србија. Тоа го најави денска српскиот министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ по средба со македонскиот колега Панче Тошковски
„Од август ќе почнеме со практика каква што досега не сме имале, таму каде што има многу српски туристи да се присутни српски полицајци. Четворица ќе бидат во Охрид бидејќи е летна сезона“, изјави Дачиќ по денешната средба соТошковски.
Тој додаде дека разговарале и за соработка во борбата против криминалот – трговија со луѓе, наркотици, оружје, како и илегална миграција.
Според него, договорено е да се активира работна група што ќе се занимава со процедурите на граничните премини со цел нивно поедноставување, кога станува збор за патничкиот сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мелбурн се извини откако го забрани старото…
Градскиот совет на Мелбурн ѝ се извини…
(Видео) Кравите шетаат и во училишниот двор…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, објави…
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: 35 години од донесувањето…
Македонија денеска одбележува 35 година од донесувањето…
Бугарија и Романија одбележуваат 20 години од…
Дваесетгодишнината од пристапувањето на Бугарија и Романија…
ОФИЦИЈАЛНО: КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ОД СИНОЌА Е ВО…
Кристијан Корабоски, кој викендов брутално претепа млада…