Дачиќ: Изборите ќе бидат во следните неколку месеци
Министерот за надворешни работи на Србија и лидер на Социјалистичката партија (СПС), Ивица Дачиќ денеска изјави дека не е за толку често одржување на избори, но дека нема ништо против да им се излезе во пресрет на оние кои сигурно ќе загубат на тие избори, мислејќи на опозицијата која во вторникот побара вонредни парламентарни и избори за градот Белград, јави дописникот на МИА од Белград.
Тој, како што истакна, се залага наместо чести избори, тие пред сè да бидат редовни и потсети дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, стопати досега рекол – „Кога и да сакате избори, не е проблем“.
– Кога и да има избори, а не знам кога ќе бидат и не знам дали ќе бидат во следните неколку месеци или во првите неколку месеци од следната година, не е важно. Тука навистина нема дилема. Парламентот е демонстративно место и во сите земји во светот парламентот е местото каде што се претставувате пред народот, изјави Дачиќ за РТС.
Дачиќ блокадата на работата на Парламентот од страна на опозицијата ја оцени како „нецивилизираното однесување на што опозицијата нема право“.
– Ваквото однесување не само што не е добро за Србија, туку е показател за тоа кои се највисоките домети. Кога и да има избори, сигурен сум дека владејачкото мнозинство, односно СНС и СПС, дали ќе одиме заедно или одделно, за тоа ќе одлучува во наредниот период, рече Дачиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е македонски државјанин во Србија, понудил…
Припадници на Министерството за внатрешни работи на…
Г.Г. Стефан поради болест ја откажа најавената…
Посетата на Архиепископот Охридски и Македонски беше…
Дата-центрите се новата нафта, вели Мицкоски
Како инженер и како човек сметам дека…
Мицкоски: За да ги заштитиме пензионерите, пензиите…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи…
Вештакот Марковски на судењето за „Пулс“: Објектот…
На денешното рочиште за пожарот во дискотеката…