Дачиќ: На преминот Мердаре е уапсен Албанец осомничен за воени злосторства
Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, вчера изјави дека на административниот премин Мердаре е уапсено лице осомничено за воени злосторства врз цивилното население на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.
„Станува збор за Тефик Мустафа, кој како припадник на ОВК беше спомнат во изјавите на сведоците како учесник во киднапирањето на полицајците Горан Маринковиќ, Живојин Павиќ и Предраг Милошевиќ, што се случи на 19 јуни 1999 година на магистралниот пат Приштина-Гњилане, во близина на местото Лабљан, по што им се губи секаква трага“, се наведува во соопштението на српскиот министер за внатрешни работи.
Дачиќ додаде дека Мустафа ќе биде предаден на Обвинителството за воени злосторства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Митровски: Михајлов стана Бугарин кога стана осуден…
Адвокатот Јанаки Митровски, во објава на Фејсбук,…
Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулира
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните…
Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја образложи својата…
Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница…
Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика…
МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека изборниот…