Дачиќ: Подготвени сме да ја продолжиме соработката со СНС и со Вучиќ
Носителот на листата „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“, и лидер на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ изјави дека таа коалициона листа е подготвена да ја продолжи соработката со Српската напредна странка (СНС) и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека сите државни органи ќе бидат конституирани во следните недели, јави дописникот на МИА од Белград.
-Веќе неколку пати кажавме и денеска повторивме дека сме горди на сите добри резултати што ги постигнавме заедно од 2012 година и дека веруваме дека е од витално значење за развојот и иднината на Србија да се зачува политичката стабилност, бидејќи тоа е предуслов за одбрана на државниот национален интерес, но и за остварување на развојните цели, изјави Дачиќ по разговорот со претседателот Вучиќ во рамки на консултациите за мандатот за состав на новата влада.
Тој додаде дека во Белград може да се види дека доколку нема политичка стабилност, многу време ќе се потроши за прашања од второстепена важност.
-Разговор кој го потврдува она што го зборувавме изминативе месеци, а тоа е дека заеднички сме заинтересирани да ја продолжиме соработката, рече Дачиќ.
Вучиќ подоцна денеска ќе има консултации со претставници на коалиционата листа собрани околу Српската напредна партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…