Дачиќ прашува со кое право и според кој документ косовската полиција била таму
Србија треба да се чува од сите провокации, а Србите на Косово треба да останат мирни и да ѝ веруваат на својата земја, која ќе направи сè за да го зачува мирот – изјави првиот потпретседател на српската владата и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ.
По вчерашните судири и смртта на тројца Срби и еден косовски полицаец, Дачиќ за телевизија Прва изјави дека во оваа ситуација меѓународната заедница практично дозволува да дојде до конфликт на Косово, оставајќи ги Србите да бидат застрелани од „косовско-албанската полиција“.
– Велам косовско-албанската полиција, бидејќи тоа е албанска полиција, а косовската полиција би била ако и Србите беа таму – објасни Дачиќ и додаде дека целата суштина на Бриселскиот договор е Србите да управуваат со територијата каде што живеат Срби.
Дачиќ рече дека најважното прашање е „што правела косовската полиција таму, според кој закон и според кој документ“.
Според бриселските договори, потсети Дачиќ, „мора да се најават сите акции на косовската полиција“, а „таму каде што живеат Срби, косовската полиција треба да биде составена од Срби“.
– Зошто не му дозволија на КФОР да се справи со оваа ситуација – праша Дачиќ.
Тој оцени дека КФОР „апсолутно можел да го спречи“ вчерашниот оружен конфликт.
– Каде има докази дека е вмешан Белград? Нема. Го осудуваме убиството на албански полицаец, тоа не е во интерес на Србите – рече Дачиќ.
Тој го обвини косовскиот премиер Аљбин Курти за инцидентот, наведувајќи дека „сака да предизвика војна“.
– Ваквите ескалации може да доведат до конфликти кои не можат да се запрат – рече Дачиќ.
Тој посочи дека Србија е „за продолжување на дијалогот“ со Приштина, но пред сè „за почитување на принципите што беа договорени пред десет години“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…