Дачиќ: Србите не знаат да се претстават како жртви дури и кога навистина се!

t

„Секој мир кој не е праведен е само основа за идните војни. Да бидеме искрени: секој насилен обид да се принуди Северот да ја прифати независноста на Косово ќе доведе до војна и погроми против Србите. И Србија не може да ги затвори очите пред погромот и мислам дека сите во меѓународната заедница сега се свесни за тоа“, рече вечерва во интервју за „Блиц ТВ“ српскиот шеф на дипломатијата и вицепремиер, Ивица Дачиќ.

Дачиќ одговараше на прашањето дали Србија ќе го прифати членството на Косово во ОН, ако за возврат од Брисел понудат точен датум за влез на земјата во ЕУ.

Дачиќ посочи дека актуелната ситуација на Косово е тест за тоа дали воопшто постои Бриселскиот договор.

-Излегувањето на Србите од косовските институции е легитимна политичка борба. Овде се поставува прашањето дали Бриселскиот договор ни послужи само да нè анестезира, па полека да се навикнеме на таканаречената независност на Косово, иако не ја прифаќаме – рече Дачиќ и додаде дека сега е вистинско време САД и ЕУ да кажат дали ќе се реши Заедницата на српски општини.

„Србите не знаат да се претстават себеси како жртви, дури и кога навистина се! Ние во Косово и Метохија не треба да се претставуваме како опасност, туку како жртви. Што е точно“, рече Дачиќ, додавајќи дека „сега е време Србија да биде прагматична“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…

Возило без регистарски таблички е запрено во…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…

Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…

Сè уште е неизвесно дали ректорот на…