Дачиќ: Србија не сака војна, а кога би сакала на Косово не би му помогнале ниту милион „џавелини“

t

Министерот за надворешни работи во техничкиот мандат и претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ изјави дека Србија нема намера да води војна, „но ако сака ни милион „Џавелини“ не би му помогнале на Косово“. Тој ја коментираше најавата на американскиот амбасадор Кристофер Хил дека САД во недела навечер ќе испорачаат на Косово противтенковски системи „џавелин“ во емисијата „Хит Твит“ на ТВ Пинк.

– Станува збор за долгорочно стратешко партнерство за да се помогне независноста на Косово. Треба да се земе предвид сето она што се случува од 1999 година. Па, истата Америка, но и други, ја вооружија ОВК. И сега го прават истото, рече Дачиќ.

Тој додаде дека вооружувањето на Косово е јасно „со цел зајакнување на независноста на Косово преку зајакнување на неговите безбедносни структури“.

Дачиќ посочи и дека тоа е во спротивност со резолуцијата 1244, но дека Србија нема како да се спротивстави.

– Србија мора да ги развива односите со оние земји кои ја признаваат независноста на Косово и не само што ја признаваат, туку и да работи на нејзино промовирање, па дури и да го вооружуваат. Мораме, бидејќи сакаме да ги зачуваме мирот и стабилноста, рече Дачиќ.

Дачиќ додаде дека е крајно време Србија да одлучи дали Косово е нејзино национално прашање или не.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…

ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…

Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…

Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…

Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…

Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…

Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…

Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…

На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…