Дачиќ ќе го бојкотира Стразбур: Не може да го браните територијалниот интегритет на Украина, а на Србија не
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека нема намера во вторник да отпатува во Стразбур по повод 20-годишнината од приемот на Србија во Советот на Европа, доколку Косово биде примено во таа институција еден ден подоцна, пренесува РТВ.
Тој на прес-конференцијата по средбата со министерката за надворешни работи на Габон, Јоланда Нижонде, рече дека на 10-годишнината од Бриселскиот договор, се најавува дека Комитетот на министри на Советот на Европа ќе ја започне процедурата за косовската прием во таа институција.
„Каква е таа порака? Тоа е понижување и порака дека Косово може да прави што сака. Ако тие најави се точни, јас утре сигурно нема да одам во Стразбур“, рече Дачиќ и додаде дека „нешто што не е држава никогаш не може да биде примено во Советот на Европа“.
Тој посочи дека е невозможно да се брани територијалниот интегритет на Украина од една страна, а од друга да се уништи територијалниот интегритет на Србија.
Ако некој мисли дека ќе се радуваме на тоа или ќе го поддржиме, мислам дека е апсолутно на погрешен пат“, рече Дачиќ.
Тој додаде дека не знае дали приемот на Косово ќе биде на дневен ред во Стразбур, но дека Србија нема да дозволи нејзината „конструктивност да се гледа како слабост“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…