Објавено на:

Дачиќ: Ќе има последици по односите на Србија и Австралија

t

Претседателот на српското собрание Ивица Дачиќ изјави дека сè што се случува со Новак Ѓоковиќ во Австралија ќе остави последици врз односите на Србија и Австралија.

Дачиќ за РТС кажа дека тешко дека Австралија ќе прифати кои било аргументи на државата Србија кога станува збор за случајот на Новак Ѓоковиќ.

„Тоа не е никаков специјализиран и специфичен случај. Тука станува збор за политизација на прашањето бидејќи стотици луѓе добиваат разни изземања. И ние политичарите сме биле на разни одлучувања секаде по светот. Во Британија моравме да одиме. Целата делегација мораше да бара изземање но тоа беше во рамки на политичките манифестации, па ОН гарантираа за тоа. Ако можат други тенисери да доаѓаат, зошто некој така се однесува кон Новак Ѓоковиќ“, праша Дачиќ.

Укажа дека постојат политички импликации и дека тоа што се случува ќе остави последици по односите на државата Србија и државата Австралија.

„Нашите односи не се многу развиени бидејќи сме оддалечени, тоа е земја која себеси се смета за исклучително посебно и специфична, тие тоа секогаш го зборуваат. Кога баравме укинување на визите, тие кажаа дека и англиската кралица мора да има виза за да дојде во земјата во која е кралица“, кажа Дачиќ.

Истакна дека Ѓоковиќ во Австралија дошол по нивното одобрување и оцени дека однесувањето на австралиските власти е срамно и дека тоа треба да ѝ се даде до знаење на Австралија.

Дачиќ ги потсети дека Ѓоковиќ има дипломатски пасош на Србија.

„Тој е тенисерот број 1, светско име и легенда. Ова е невообичаено, срамно, дрско“, истакна претседателот на српското собрание.

„Мислам дека влегоа во невидени проблеми сами со себе. Новак е веќе победник. Очигледно е дека тие не му даваат да игра. Ова е начин да се спречи да стане најдобриот тенисер во историјата. Животот е долг и се надевам дека тој премиер некогаш ќе се најде во ситуација да може да почувствува како е кога некој се однесува кон него како тој кон другите“, истакна Дачиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тинејџерка избодела соученик во училиште во Перт

15-годишно девојче е обвинето дека избодело 16-годишно…

Австралија им се извини на жртвите од…

Скандалот со талидомид е „едно од најтемните…

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…

Ѓоковиќ: Едвај се спасив – ме давеше…

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, се…

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Мастерсот во…

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вечерва го…