Објавено на:

Дачиќ ќе се сретне со Лавров: Ќе разговараме за билатералните односи

t

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска потврди дека до крајот на годинава ќе ја посети Москва, каде што треба да се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

„Нема да разговараме за ништо друго освен за нашите билатерални односи и за она што се однесува на мешовитиот Комитет и секако ќе се сретнам со мојот колега Сергеј Лавров. Кога може (унгарскиот министер за надворешни работи Петер) Сијарто да оди во Москва, зошто ние да не можеме, изјави Дачиќ во гостувањето на телевизија Хепи.

Дачиќ е копретседател на мешовитиот Комитет за соработка со Русија и посочи дека Србија му должи средба на Лавров затоа што не можел да дојде, а Никола Селаковиќ не отишол додека бил министер за надворешни работи.

Дачиќ додаде дека на 4 септември заминува во Џакарта, каде што ќе го потпише приемот на Србија во Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН).

„Ние аплицираме 10 години, секоја земја треба да даде согласност и тоа беше многу тешко. За нас е исклучително важно да имаме уште еден механизам за соработка“, додаде Дачиќ.

Тој најави и дека претседателот Александар Вучиќ патува за Кина каде ќе учествува на Самитот „Појас и пат“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…

Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…

Србија не побара помош од ЕУ за…

Србија не го активирала Механизмот за цивилна…

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Земјотрес ја погоди Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…