Да беше државно име ќе се сменеше, на бугарските клубови не може: Тупанчески ќе чека Обвинителството да се изјасни за “Ванчо Михајлов” и “Цар Борис Трети”

t

Секое добро решение ќе биде прифатено, отсекогаш тоа било мое животно и професионално мото, без разлика дали доаѓа од власта или опозиција – ако предлогот е добар и конструктивен ќе биде прифатен, изјави министерот за правда Никола Тупанчески за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации поднесен до Собранието.

Законот треба да спречи да се отвараат организации со имиња на контраверзни личности од историјата, како што беше случајот со бугарските клубови Ванчо Михајлов во Битола и Цар Борис Трети во Охрид.

– Таа Комисија или ад хок тело, кое што веќе е формирано заседаваше во неколку наврати. Сериозно си ја сфати својата обврска да се произнесува во однос на тоа дали историските ликови кои што имаат контроверзно минато можат да бидат дел од името на здружението, односно на фондацијата. Во таа насока, тоа е советодавно тело – повторувам, меѓутоа еве треба да се каже уште едно нешто, да се потенцира дека во моментов во Собрание се измени и дополни на Законот за здруженија и фондации, што всушност истовремено се движат во насока колку што е можно попронтно, итно да бидат решени состојбите коишто не дозволуваат чекање на носење на нов закон, истакна Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања на настанот „Преглед на реформите поврзани со правдата на децата”.

Министерот нагласи дека до донесувањето на новиот закон, целта на овие измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации, за чие усвојување практично има консензус и од опозицијата и од власта, е да може веднаш да се реагира и да се амортизираат, односно неутрализираат состојбите коишто настанаа во оваа сфера.

На новинарско прашање дали ќе побара преименување на постојните бугарски здруженија, Тупанчевски изјави дека легалистички гледано одредбите не треба да се применуваат ретроактивно, меѓутоа доколку се констатира дека има одредена неправилност или активност што не е во согласност со законот, има и други институции кои имаат можност да постапуваат.

– По сето она што е во рамките на Министерството за правда ќе биде постапено. Меѓутоа, дефинитивно, за жал, постојниот закон не дозволува големи можности за реакција од страна на Министерството за правда. По донесувањето на новите измени, зависи какви ќе бидат измените, бидејќи има одредени амандмани, ќе треба тие попрецизно да се уредат и она што се нарекува правна празнина да биде пополнета. Во таа насока сигурно и точно ќе се знае кое тело со какви надлежности ќе биде и во кое време треба да постапи, истакна министерот Тупанчески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стотици борци на Вагнер пристигнаа во Централноафриканската…

Неколку стотици искусни борци на руската паравоена…