Да видиме дали ќе одговара за пцовките: Интерпелацијата за Џафери денеска во Собрание

t

Интерпелацијата за спикерот Џафери од денеска влегува во собраниска процедура.

-Имено, откако Џафери е избран за претседател на Собранието, сѐ почесто сме сведоци на скандали во неговото работење. Последен во низата беше скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ беа заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Во храмот на македонската демократија во македонското собрание на опозиционите пратеници им беше ускратено загарантираното право на слобода и движење, изјави вчера Дафина Стојаноска.

Од движењето БЕСА за „Локално“ велат дека ќе ја поддржат интерпелацијата за Џафери, појаснувајќи дека тој „нема кредибилитет за да ја врши својата должност“.

-Талат Џафери очигледно дека после последните случувања нема кредибилитет за да ја врши должноста претседател на Собранието. Пратениците на Беса ќе поддржат интерпелација, но најважно од се е дека владејачкото мнозинство треба да сфати дека погрешно ја води државата и затоа треба да одиме на парламентарни избори час поскоро, објаснуваат од партијата на Билал Касами во изјава за „Локално“.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески претходно во изјава за „Локално“ истакна дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ намерно прават скандали со намера да предизвика инцидент.

-Намерата на пратениците од опозицијата е за секоја точка од дневниот ред сите да се пријавуваат за говор за да го одолговлекуваат времето. Но, вчера очигледно им падна енергијата, многу од нив не беа присутни во сала кога се отвори точката и видно нервозни за ситуацијата почнаа да пријавуваат пратеници за збор кои не беа присутни во моментот. Затоа, заради пребројувањето и читањето на пријавените како и секој пат досега во вакви ситуации се затвараат вратите за да нема влегување и излегување од сала. Вакви ситуации имало стотици во работата на Собранието, но нервозната опозиција прави скандал од се со намера да предизвика инцидент, вели Митрески.

ЛДП нема да ја поддржи интерпелација бидејќи смета дека ова е дел од стандардниот политички циркус на ВМРО-ДПМНЕ со цел дефокус од реалните проблеми.

Претседателот на Собранието, како претседавач на пленарните седници не го прекрши Деловникот на Собранието на Република Македонија и затоа нема да ја поддржам ваквата интерпелација, вели во разговор за „Локално“, пратеничката Моника Зајкова од ЛДП.

Пратеничката појаснува дека вратите на салата биле затворени за да можат собраниските служби да го утврдат бројот на присутни пратеници и дека овој метод , не е нешто што се случило прв пат и дека тоа се јавува и во другите парламентарни демократии.

-Она што се прави во Собранието од страна на колегите пратеници од опозицијата малку наликува на театар заради привлекување на внимание.Имено, според членот 95 од Деловникот, Собранието може да одлучува ако на седницата присуствуваат мнозинство од вкупниот број пратеници, така што се потребни мнозинство гласови од присутните пратеници, односно најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство.Во таа насока, вратите на салата беа затворени за да можат собраниските служби да го утврдат бројот на присутни пратеници, односно дали има кворум за да се премине на гласање бидејќи во салата со куполи нема соодветна опрема за да се утврди истото со сигурност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ребалансот на пленарна седница во понеделник, ни…

Собранието за понеделник ја закажа седницата на…

Апасиев најавува интерпелација за Милошоски поради неговата…

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието,…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…

Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…