„Да наполниме батерии во скапа тарифа“: Билетите за Златна Бубамара ќе бидат пуштени во продажба од четврток во 12 часот
Овогодишната 26. Златна бубамара на популарноста ќе се одржи на 16 март во арената „Борис Трајковски“. По минатогодишната 25. Златна бубамара, со која одбележавме сребрен јубилеј, овогодишната манифестација е прва од следните 25 – до следниот златен јубилеј.
Под мотото „Да наполниме батерии во скапа тарифа“, омилената манифестација ќе направи пресек на овогодишната креативна продукција, сатирично ќе раскаже измината година и ќе ги награди најголемите уметници од Македонија и регионот.
Во ова време на енергетска, инфалциска, морална и духовна криза, Златна бубамара повикува да се забавуваме во музички ефикасна тарифа и да се арчиме за убаво расположение.
Од енергетски ефикасниот штаб на Бубамара сега за сега ни откриваат само наградата за животно дело која ќе ја добие братскиот тандем Миле и Ѓорѓи Барбаровски, кои напишаа некои од најубавите песни во антологијата на македонската народна музика.
БИЛЕТИТЕ ЌЕ БИДАТ ПУШТЕНИ ВО ОН ЛАЈН ПРОДАЖБА НА 23 ФЕВРУАРИ ВО 12 ЧАСОТ преку сервисот на karti.com.mk и mktickets.mk и во Розе Веро 2.
Од Бубамара ни најавуваат незаборавна претстава од 3 часа, за секој посетител на секое седиште традиционално ќе има шише Пролом вода и ветување дека сите ќе се вратат дома пред да бидат исклучени уличните светилки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На ГАК годишно се раѓаат од 600…
Ноември е месец посветен на предвремено родените…
Отворени шалтерите на АЛТА банка АД Битола…
Од денеска се отворени шалтерите на АЛТА…
ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ЈА ЗАГРОЗУВААТ ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО…
Последниот пресек на состојбата во македонската индустрија…
30 дена кризна состојба во Крива Паланка:…
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски,…
ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА НА…
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…