Да не беше трагично ќе беше смешно: „Не знаев дека е толку стар“, вели Бугаринот кој со клуч го исчкрта римскиот Колосеум

t

Туристот од Англија со бугарско потекло, 27-годишниот Иван Димитров, кој неодамна предизвика гнев во Италија откако беше снимен како гребе со клуч на ѕидот на Колосеумот во Рим, во своја одбрана тврди дека не бил свесен за тоа колку е стара античката арена, еден од најпознатите споменици во светот.

Димитров, кој е фитнес-тренер, минатиот месец беше снимен од друг турист, кога со клуч го врежа своето име и името на својата девојка на внатрешниот ѕид на зградата стара 2.000 години.

Откако на ѕидот го изгравирал натписот „Иван + Хејли23“, Британецот, роден во бугарскиот град Ловеч, може да добие голема парична казна (од три до 15 илјади евра), а доколку го судат во Италија, може да добие и казна затвор од две до пет години.

Младиот човек напишал писмо со извинување до градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери и до италијанското Обвинителство, пренесува „Инсајдер“.

„Со ова писмо сакам искрено да им се извинам на Италијанците и на целиот свет затоа што нанесов штета на дело кое, всушност, е наследство на целото човештво. За мене е срамно, за жал дури подоцна дознав колку е стар споменикот“, напишал Димитров во писмото.

Лондонски „Гардијан“ објави дека италијанската полиција го барала Димитров цели пет дена, и дека тој во меѓувреме ја напуштил Италија и се вратил во Британија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарин не бил пуштен во Македонија поради…

„Сметаме дека е неприфатливо да се забрани…

Приведен Бугарин на Деве Баир поради фалсификувани…

Четириесет и едногодишен Бугарин е приведен вчера…

Уапсена Бугарка во Рим, со секира им…

Бугарска државјанка е уапсена денеска откако им…

Трагедија: Четири лица починаа во пожар во…

Четири загинаа во пожар во болница во…

Деклариран Македонец натепал деклариран Бугарин во Охајо,…

Поранешниот премиер Никола Груевски продолжува со серијалот…