Да не знае човек дали да плаче или да се смее – Бугарите се пофалија: Нацистот кој требало да застане на чело на Германија по државниот удар има бугарско потекло!

t

Во Германија е приведена особено опасна група која подготвувала државен удар. Таа сакаше да го врати редот во земјата од времето на Германската империја во 1871 година, објавија утрово германските медиуми.

И како што се’ друго на светов е бугарско, бугарските медиуми практично се пофалија дека човекот кој требало да застане на чело на државата по државниот удар бил наследник на бугарска царица.

– Принцот Хајнрих XIII Ројс цу Костриц требаше да биде на чело на новиот Рајх како регент. Тој му припаѓа на кнежевското семејство Реус од Тирингија, од кое потекнува бугарската кралица Елеонора (1908-1917), пренесе БГНЕС.

Репортерот на БГНЕС потсетува дека бугарската кралица има големи заслуги за Бугарија, таа е исклучително благородна и голем бранител на националната кауза. Кралицата Елеонор е една од ретките светли фигури во нашата инаку мрачна историја во изминатите 140 години. – вели тој.

Специјалните полициски сили рано утринава упаднаа во домовите на осомничените, уапсија 25 лица и започнаа масовни претреси, рече Тагесшау.

Сојузните обвинители обвинија околу 50 мажи и жени за создавање терористичка организација за уривање на уставниот поредок на Сојузна Република Германија и создавање држава по моделот на германскиот Рајх од 1871 година.

Се вели дека планирале, меѓу другото, да упаднат во зградата на Рајхстагот, да предизвикаат услови слични на граѓанска војна со напад на снабдувањето со електрична енергија и да ја соборат федералната влада за да ја преземат власта. За моментот на „преземањето“ веќе се избрани луѓе за важни министерски позиции. Главните истражители ја опишаа денешната операција против групата како без преседан: „Во својот опсег, таа ги надминува сите димензии“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Системот на дуално образование во Германија сè…

Во потрага по решение за високите нивоа…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…

Полска не се откажува од барањето за…

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски во…