Објавено на:

„Да не се повтори Орбан“: ЕУ подготвува 15 години посебен надзор за новите членки

t

Европската комисија предлага новите членки на Европската Унија да бидат опфатени со посебни заштитни механизми во период до 15 години по пристапувањето, со можност за побрзо ограничување на европските фондови или правото на глас доколку сериозно ги прекршуваат владеењето на правото, демократските вредности или принципот на искрена соработка со ЕУ.

Предлогот е дел од новиот пакет на Европската комисија за подготовка на Унијата за идното проширување.

Европската комесарка за проширување Марта Кос порача дека Брисел сака да избегне ситуации во кои нова земја членка би можела подоцна да го блокира функционирањето на Унијата.

„Кога првпат кажав дека не сакам нови тројански коњи во Европската Унија, бев жестоко критикувана. Денес можам да кажам: нема повеќе Виктор Орбан“, изјави Кос.

Таа оцени дека сегашниот механизам од членот 7 на Договорот за ЕУ е премногу бавен и тешко применлив, поради што Комисијата предлага дополнителна процедура која би можела побрзо да се активира кај новите членки.

Според предлогот, доколку нова членка сериозно ги прекршува европските вредности или го попречува функционирањето на Унијата, би можело да ѝ биде ограничен пристапот до европските фондови, а во најтешките случаи и да ѝ биде суспендирано правото на глас. Механизмот би можел да се применува во првите 15 години по членството.

Кос нагласи дека мерките не треба да бидат трајни, бидејќи тоа би создало поделба на членки од „прв и втор ред“.

Предлогот допрва треба да биде разгледан од земјите членки, а дел од мерките ќе бараат нивна согласност.

Европската комисија истовремено предлага и постепена интеграција на земјите кандидати уште пред полноправното членство, со можност тие порано да учествуваат во одредени европски политики, меѓу кои енергетиката, суровините и други области каде што ги исполнуваат потребните стандарди.

Новите правила се предлагаат во период кога процесот на проширување повторно забрзува, а Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина се меѓу земјите што најмногу напредуваат кон членство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Да не се повтори Орбан“: ЕУ подготвува…

Европската комисија предлага новите членки на Европската…

Жестоки борби за Црвеното Море: Хутите тврдат…

Хутите тврдат дека и натаму ги контролираат…

Обвинителството бара доживотен затвор за обвинетиот сериски…

Јавното обвинителство побара доживотен затвор за 25-годишниот…

Секое одење на училиште ѝ е ризик…

Секое утро во шест часот, десетгодишната Рафиф…

ВМРО-ДПМНЕ: Милионскиот криминал во Лотарија води до…

ВМРО-ДПМНЕ реагираше по отворањето истрага за проневера…