Да не се секирате: Со едниот авион за гаснење пожари активно се тренира, вториот се чека од Шпанија

t

Дирекцијата за заштита и спасување оваа сезона влегува доста поподготвена од тоа што беше лани, со првиот авион веќе има интензивни тренинзи, а во петок ќе има заедничка активност со МВР за гасење на пожари на отворено, истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.

-Веќе со првиот авион којшто е вратен имаме интензивни тренинзи со сите луѓе коишто се дел од авио одделението. Еве за волја на вистината, ние во петок имаме заедничка активност со МВР, со нивните хеликоптери за гасење на пожари на отворено – истакна Максути.

Во врска со вториот авион кој е на поправка во Шпанија, тој информираше дека е спремен веќе една недела, но не може да се испорача поради загинувањето на еден пилот откако се урна нивниот авион при гасење на пожарите во Португалија.

-Не се во можност да го испорачаат. Значи дополнително секој ден сме на координација затоа што тоа е нивна обврска по договорот да ни го испорачаат авионот што е можно побрзо. Сите процедури околу вториот авион се завршени, комплетиран е со царински постапки, со се, чека само да ни кажат кој пилот да се качи на истиот, да добие дозвола АЦВР – рече Максути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Успешно спасени двајца вработени во А1…

Успешно спасување на двајца вработени на А1…

ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице над…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска…

Владата ќе го спасува споменикот „Македониум“ во…

 Обезбеден е проект за интервентна заштита на…

АНГЕЛОВ СО СОВЕТ:ЗЕМЕТЕ ТРАКТОРИ И ИЗОРАЈТЕ ОКОЛУ…

Денеска до 13:30 часот регистрирани се 16…

(Видео) Храбрите пилоти на МВР спасија туристка…

Благодарение на храбрите доброволни спасители од Охрид…