Објавено на:

Да плачеш или да се смееш: Директор крадел пари ама дел носел и во црква

t

Дамир Шкугор, довчерашниот директор во Секторот за трговија со природен гас во хрватската рафинерија ИНА, кој беше уапсен за проневера на голема сума, дел од украдените пари ги донирал во црква. Шкугор и неговото семејство, како големи донатори, во црквата во местото Дубрава кај Шибеник, на мисите имале резервирана клупа во првиот ред, а семејството го финансирало обновувањето на црквата и на црковниот двор, објавија хрватските медиуми. Се наведува и дека семејството Шкугор било задолжено за собирање добротворни прилози.

Хрватската јавност деновиве ја потресува аферата во рафинеријата, чијшто најголем акционер е унгарската компанија МОЛ. Во истрагата за злоупотреби и проневери досега се уапсени десетина луѓе. Обвинителите се сомневаат дека Шкугор, член на владејачката десничарска партија ХДЗ, како важен дел од криминалната мрежа, овозможил компанијата ОМС да купи гас по исклучително ниски и да го продава по повисоки цени.

Штетата за рафинеријата ИНА од организираната кражба наводно ја надминува сумата од милијарда куни, или околу 133 милиони евра. Дамир Шкугор и неговиот татко, според хрватските истражни органи, се сомничат дека украле околу 66 милиони евра, неговиот деловен партнер Горан Хусиќ профитирал со околу 12 милиони евра, а претседателот на Хрватската адвокатска комора Јосип Шурјак добил окоу девет милиони евра.

На сметката на нивната компанија ОМС останале уште над 26.5 милиони евра противзаконски остварена добивка, пари кои се замрзнати со одлука на судот.

„Токму Дамир Шкугор имаше свое место во нашата црка и никој не смееше да седне на тоа место во првиот ред. Донираше 100.000 куни (13 илјади евра) за црквата во Дубрава и со тоа најверојатно купувал мир и кај црквата и кај Бога. Мајка му се однесуваше како црквата да е нивна , а низ селото се раскажува дека токму поради неа биле сменети свештениците кои не ѝ одговарале“, изјави еден жител на Дубрава за SibenikIN.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина

Мал авион денеска претпладне се урна во…

Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…

Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…

Хрватска субвенционира купување автомобили за семејства со…

Иван Шипиќ, министерот за демографија и имиграција,…

Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март…

Од почетокот на март 2027 година, Хрватска…

Хрватскиот остров Црес избран за најдобар скриен…

Хрватскиот остров Црес е избран за најдобар…