ДА СЕ РАСПУШТИМЕ КАКО ДРЖАВА! Дете со акутна миелоидна леукемија починало затоа што немало функционален лифт и кревет за да го реанимираат!!!

t

Новинарот Фуркан Салиу на Фејсбук сподели потресна приказна од македонското здравство.

– Скоро секој ден слушам неверојатни стории од луѓе кои бараат помош затоа што системот е нефункционален, но оваа што ја слушнав денес не ми дава да заспијам.

Дете со акутна миелоидна леукемија после првата терапија паѓа во кома и мора итно во просторија за реанимација. Во едниот лифт не го собира креветот, другиот не работи. Медицинскиот тим бара друг помал кревет кој ќе го собере во другиот лифт, во меѓувреме детето умира… И сето ова се случува пред очите на родителите.

Поради вакви случаи заминуваат луѓето од оваа држава. Заминуваат затоа што полицијата не ги штити, здравството не може да ги лечи, а судството дели неправда.

Дајте почнете со изградба на клиничкиот центар веќе!!! Доста со политички инаети кои што не чинат човечки животи.

Дајте им можност на оние малкумина чесни лекари што ни останаа да работат во нормални услови.

Знаете ли колку се важни тие 3 минути за тешко болно дете?

Немојте бре луѓе, аман немојте си играте барем со здравството, пишува Салиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фуркан со брза математика: Присутни се 100-тини…

Новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу сподели…