Да! Тој доаѓа: Членови на ДУИ го најавуваат првиот премиер Албанец?

t

Голем број членови и симпатизери на ДУИ објавуваат слики со слоганот „Да! Тој доаѓа“ (Ai po vjen) што може да се толкува како нова, но засега неофицијална кампања на партијата. Со оглед на актуелната тема околу најавениот прв премиер Албанец на Македонија, не е тешко да се заклучи дека двете нешта се поврзани.

Засега нема информации од ДУИ во врска со значењето на слоганот.

Вицепремиерот Артан Груби пред два дена го актуелизираше ваквото прашање откако во едно интервју за косовска телевизија изјави дека Македонија ќе добие премиер Албанец, но нагласи дека тој нема амбиции за такво нешто. Потсети дека поставувањето Албанец за прв човек на Владата во последните 100 дена од нејзиниот мандат е дел од договорот што во 2020-та го постигнаа лидерите Али Ахмети и Зоран Заев.

Кампањата на ДУИ за премиер Албанец почна пред изборите во 2020 година, под слоганот „Pse јo?“ (Зошто да не?), прашање ставено во контекст на партискиот став „дека е дојдено времето Албанец да биде премиер”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…

Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…

ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…

По сериозните закани и насилни пораки упатени…