Да! Тој доаѓа: Членови на ДУИ го најавуваат првиот премиер Албанец?
Голем број членови и симпатизери на ДУИ објавуваат слики со слоганот „Да! Тој доаѓа“ (Ai po vjen) што може да се толкува како нова, но засега неофицијална кампања на партијата. Со оглед на актуелната тема околу најавениот прв премиер Албанец на Македонија, не е тешко да се заклучи дека двете нешта се поврзани.

Засега нема информации од ДУИ во врска со значењето на слоганот.
Вицепремиерот Артан Груби пред два дена го актуелизираше ваквото прашање откако во едно интервју за косовска телевизија изјави дека Македонија ќе добие премиер Албанец, но нагласи дека тој нема амбиции за такво нешто. Потсети дека поставувањето Албанец за прв човек на Владата во последните 100 дена од нејзиниот мандат е дел од договорот што во 2020-та го постигнаа лидерите Али Ахмети и Зоран Заев.
Кампањата на ДУИ за премиер Албанец почна пред изборите во 2020 година, под слоганот „Pse јo?“ (Зошто да не?), прашање ставено во контекст на партискиот став „дека е дојдено времето Албанец да биде премиер”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…
Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…
ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…
ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!
ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…
(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…
Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница
Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…