Дваесетина луѓе од утринава спротивно на Закон го држат ЈСП во заложништво! Ќе следат кривични пријави!

t

Дваесетина луѓе од утринава, спротивно на Законот го држат во заложништво градот Скопје и ЈСП, информираат Јавното сообраќајно претпријатие.

– Од утринава дваесетина луѓе од ССМ и т.н. независен синдикат на ЈСП спречуваат возачите на автобуси редовно да си ги вршат своите работни задачи, спротивно на член 35 од Законот за Јавните претпријатија со кои се уредува начинот на штрајк.

Овие дваесетина лица немаат штрајкувачки одбор, ниту пак имаат пријавено редовен штрајк. Дури и во случај да го имаа редовно пријавено штрајкот, истите согласно Законот за јавни претпријатија мораат да обезбедат редовно функционирање на претпријатието додека трае штрајкот.

Поради ова, градот Скопје ќе ги почитува законските мерки и ќе поднесе соодветни кривични пријави против лицата кои го попречуваат редовното функционирање на јавното претпријатие и го држат во заложништво Скопје и скопјани.

Уште вчера градот Скопје подготви одлука за пренамена на средства со кои ќе се обезбеди исплата на последната плата која доцни 5 дена поради неисплата на долгови кон претпријатието од страна на министерство за образование и општините.

Апелираме до членовите на управниот одбор на ЈСП да постапат согласно нивните законски обврски, во спротивно ќе бидат дел од кривичната пријава поради незаконско организирање на штрајк и попречување на работата на претпријатието, велат од ЈСП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИВ ЗАПАД: Скопјанец грабнат, претепан, прободен со…

Вчера во 07.40 часот во Полициската станица…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА за поранешниот градоначалник на Ѓорче…

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија…

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…