Дванаесет пожари за 24 часа, пет се активни, четири под контрола
На ден 09.09.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 4 се под контрола, а 3 пожари се изгаснати.
Активни пожари – 5:
Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци (нискостеблеста шума);
Општина Македонски Брод: с. Белица, м.в. Кајорец кон с. Брезница, кај репетиторот (нискостеблеста и мешана шума);
Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно (мешана шума);
Општина Крива Паланка: с. Осиче, место викано Рамни Камен (борова шума);
Општина Гостивар: с. Печково (ниска вегетација и нискостеблести растенија).
Пожари под контрола – 4:
Општина Македонски Брод: с. Бенче (шумски пожар);
Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Копаница (шумски пожар);
Општина Ѓорче Петров: с. Грачани и с. Никиштани (шума).
Изгаснати пожари – 3:
Општина Кичево: над с. Кнежино, м.в. Црн Камен (шумски пожар);
Општина Ново Село: над с. Стиник (шума и ниска вегетација);
Општина Карпош: с. Бардовци (ѓубре).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…
Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…
Дронови и мистериозни балони на небото над…
Москва наводно била цел на напади со…
Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…
Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…
Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…
Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…
Обединетите нации предупредуваат: Светската економија нагло забавува,…
Светската економија влегува во нов период на…