Двајца возачи се повредени – излетале од патот и завршија во болница

t

Двајца жители на Макеоднија завршија во различни болници по направени сообраќајни незгоди. Станува збор за два одделни настани кои имаат сличен епилог се случиле во текот на вчерашниот ден. 

Двајца возачи се тешко повредени откако со своите возила излетале од коловозот, најверојатно поради неприлагодена брзина на условите на патот. 

Едната несреќа се случила во близина на Карпалак, каде товарно возило излетало од патот, а возачот завршил на Клиниката во Тетово. 

– На  23.03.2024  околу 12.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај место викано „Карпалак“, товарно возило „фолксваген кеди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Е.(57) од Гостивар, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клинички центар Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово – соопштува МВР во денешниот билтен. 

Втората сообраќајка пак се случила во централа Македонија, каде повторно возачот излетал со возилото од патот и бил хоспитализиран на Клиниката во Битола.

– На 23.03.2024 во 20.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во Близина на с.Сопотница, демирхисарско, патничко возило „ауди” со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(36) од Кичево, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола – потенцираат од МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца возачи се повредени – излетале од…

Двајца жители на Макеоднија завршија во различни…

Србија бара 20.000 професионални возачи!

Соседна Србија бара 20.000 професионални возачи.  Се…

Бог да чува: Пациент препратен во Прилеп…

Немало кој да стави катетер на пациент…

Малолетник удрен со мотоцикл – со тешки…

На 02.03.2024 во 10.30 часот во СВР…

Голем пожар во болница на Златибор!

Локализиран е пожарот што избувна половина час…