Двајца загинати и повеќе повредени во експлозија кај Букурешт
Две лица загинаа, а 56 се повредени, од кои некои се пренесени на лекување во странство, објавија романските власти нови информации за две експлозии на станица за плин недалеку од Букурешт.
Кога пристигнале пожарникарите да интервенираат по првата експлозија во Креведија, се случила втора експлозија во која се повредени 39. Двете жртви биле брачна двојка – мажот починал од срцев удар, а жената која се здобила со тешки изгореници, почина неколку часа подоцна. Меѓу повредените има двајца полицајци и двајца припадници на жандармеријата. Некои од нив се здобиле со тешки изгореници и биле пренесени во Белгија и Италија.

Романија побара помош од Европската унија преку механизмот за цивилна заштита за лекување на тешко изгорени пациенти. Австрија, Германија и Норвешка се понудија да помогнат.
Пожарот што следеше по двете експлозии беше изгаснат во текот на ноќта. Романскиот претседател Клаус Јоханис повика на истрага за експлозиите. Причината за експлозиите се уште не е позната, а јавниот обвинител отвори истрага. Поради разорните експлозии, околу 3.000 луѓе беа евакуирани од областа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
РОМАНИЈА ГИ ПОДИГНА БОРБЕНИТЕ АВИОНИ Ф-16! Соборени…
Романски воени пилоти собориле две беспилотни летала…
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Тикток-предизвик довел до трагедија во Романија: Момчиња…
Двајца тинејџери загинаа во тешка сообраќајна несреќа…