Двајца загинати, Македонка е повредена во страшна сообраќајна несреќа во Грција: Три возила се удриле во диви свињи
Двајца загинати и четворица повредени, меѓу кои и тројца грчки полицајци, е трагичниот биланс од страотната сообраќајната несреќа, во која учествувале три автомобили и чопор диви свињи, што се случи синоќа околу 23:30 часот, на 62-от км од новиот национален автопат Солун – Нео Петрициу, во Кукуш, јавија грчките медиуми.
Патролно возило управувано од 42-годишен полицаец во кое како сопатници биле и двајца негови колеги на возраст од 44 и 36 години се судриле со чопорот диви свињи кои поминувале и притоа излетале од својата лента. Потоа, возило управувано од 56-годишен странец (државјанин на Македонија) со 50-годишна сопатничка се судрило во истото стадо, се превртело и паднало во соседната нива.
Потоа, трето возило со 53-годишен локален возач и 48-годишен сопатник се судрило со службеното полициско возило, при што животот го загубиле и двајцата патници во третиот автомобил.
Повредени се 50-годишната сопатничка од второто возило и тројцата полицајци, кои се задржани на лекување во Општата болница во Кукуш.
Одделението за сообраќај од Кукуш врши прелиминарна истрага за причините за несреќата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…