Објавено на:

Двајца мигранти нападнале гевгеличанец и му го украле мобилниот

t

СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривични пријави против М.Ј.М.(19), мигрант од Авганистан и 17-годишен мигрант, исто така од Авганистан, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик..

На 20.07.2026 во Полициската станица Гевгелија П.М.(62) од село Негорци, гевгелиско пријавил дека околу 15:00 часот на место викано „Авлаќ“ во атар на село Прдејци, гевгелиско, бил физички нападнат од двајца мигранти, кои му го одзеле мобилниот телефон. По пријавениот настан и преземените мерки, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги пронашле мигрантите во атар на село Прдејци, по што е утврдено дека се работи за М.Ј.М. и 17 годишен мигрант и двајцата од Авганистан. При преглед кај М.Ј.М. бил пронајден одземениот мобилен телефон, по што тој е лишен од слобода, а во Полициската станица Гевгелија е повикан и малолетникот. Извршен е службен разговор, а за случајот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По поднесување на кривичните пријави лицата се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој на М.Ј.М. му определил мерка притвор, а малолетникот ќе биде спроведен во Прифатен центар „Винојуг“ Гевгелија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија го продолжи суспендирањето на Шенген со…

Италијанската влада најави 15-дневно продолжување на суспендирањето…

Санчез ги обвини Русија и Израел за…

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека сè…

Десет турски државјани се обиделе нелегално да…

Околу 00:40 часот по полноќ, полициски службеници…

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои…

Околу 3.800 мигранти кои пристигнаа од Мароко…

Сеута предупредува дека е „на работ на…

Шпанија побара од Европската комисија поддршка од…