Двајца митрополити на СПЦ ја поддржаа Студентската листа

t

Двајца архиереи на Српската православна црква во пресрет на предизборниот молк и парламентарните избори во Србија, ја поддржаа Студентската листа, појавувајќи се на фотографија заедно со поранешната кошаркарска ѕвезда и актуелен шеф на Евролигата, Дејан Бодирога, кој е кандидат за пратеник од Листата.

Митрополитот германски Григориј на „Инстаграм“ објави слика на која седи заедно со митрополитот црногорско-приморски Јоаникиј и со Бодирога, а на масата стои бројот 3 – изборниот број на Студентската листа на гласањето во недела.

Фотографијата е јасна порака за поддршка на Студентската листа.

Владиците Григориј и Јоаникиј, заедно со разрешениот Митрополит Жички Јустин и уште неколкумина великодостојници на СПЦ лани беа меѓу потписниците на соопштението во кое повикаа на „почитување на студентите и на нивната достоинствена и праведна борба“. Соопштението беше реакција на низата обвинувања што во тие денови одредени претставници на Црквата ги изнесуваа против студентите, а кои беа пренесувани преку официјалните канали на СПЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца митрополити на СПЦ ја поддржаа Студентската…

Двајца архиереи на Српската православна црква во…

Српскиот патријарх Порфириј се обрати на погребот…

Денес, патријархот на Српската православна црква, Порфирије,…

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација…

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја…

СПЦ со сѐ поголема поддршка за српските…

Шест епископи на СПЦ испратија писмо до…

И СПЦ во градежништво, гради и продава…

Српската православна црква е инвеститор во станбено-деловен…