Двајца насилници ги тепале своите синови

t

Жител на Струмица е уапсен откако бил пријавен дека го нападнал сопствениот син, соопшти МВР за нов случај на семејно насилство.

„Нa 05.08.2026 во 01:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишиja од слобода 54-годишен жител на струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека на 04.08.2026 околу 23:00 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 26-годишен син. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветна пријава“, велат од МВР.

Во друг случај, ден претходно во Крива Паланка, 55-годишен жител на градот исто така бил уапсен поради напад врз својот син.

„На 04.08.2026 во 21:27 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Б.Р.(55) од Крива Паланка, затоа што физички го нападнал неговиот син. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…