Двајца поранешни министри од владата на Орбан се приведени за корупција

t

Унгарските власти приведоа двајца поранешни министри од владата на Виктор Орбан под сомнение за злоупотреба на јавни средства и за примање мито, само неколку часа откако им беше укинат пратеничкиот имунитет, објави „Гардијан“.

Државното обвинителство денес соопшти дека Балаш Ханко, поранешниот министер за култура и актуелен пратеник на националистичката Фидес, бил приведен доцна синоќа. Тој е осомничен дека злоупотребил јавни средства, но ги отфрла обвинувањата.

Другиот осомничен е Миклош Шештак, пратеник од КДНП, сојузник на Фидес, кој беше министер за национален развој од 2014 до 2018 година. Обвинителството го истражува поради сомнение дека примал мито и незаконски провизии. Шештак, исто така, ги негира обвинувањата.

„По децении лаги, за првпат милиони Унгарци можеа да почувствуваат што навистина значат промена на режимот и еднаквост пред законот. Унгарија повеќе не е земја без последици“, изјави премиерот Петер Маѓар.

Маѓар во предизборната кампања вети дека ќе ги истражи наводите за корупција и злоупотреба на функцијата за време на 16-годишното владеење на Орбан.

Унгарскиот парламент вчера гласаше за укинување на имунитетот на Ханко и на Шештак, но и на Маѓар. Премиерот самиот побарал да му биде укинат имунитетот за да може да се одбрани од, како што го нарекол, „обид за уништување на угледот“.

Обвинителството се сомнева дека Ханко надгледувал незаконско трошење на 47 милиони евра од Националниот културен фонд на Унгарија. Според обвинителите, дел од парите биле насочувани кон уметници и кон организации поврзани со Фидес, а средства биле користени и за изборната кампања на партијата во 2026 година.

Шештак, пак, е осомничен дека примил повеќе од 32,6 милиони евра во мито. Станува збор за средства поврзани со набавки на возила за државната автобуска компанија, како и со јавни градежни проекти.

Истрагата опфаќа и набавка на користени автобуси за кои постои сомнение дека биле платени по значително повисоки цени од реалната вредност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца поранешни министри од владата на Орбан…

Унгарските власти приведоа двајца поранешни министри од…

Со 69 гласа изгласани се новите министри…

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без…

Ова се новите министри од ВЛЕН?

Премиерот Христијан Мицкоски вчера и официјално ја…

СДСМ: Половина Влада би требало да си…

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија остро реагира откако…

Апасиев: 24 министри во Влада, тежат 4…

„Од рубриката "Ајде за убави работи да…