Двајца сириски државјани илегално префрлиле 14 лица од Грција во нашата држава

t

Кривична пријава за двајца 18-годишни сириски државјани, со привремен престој во Грција, кои илегално префрлиле 14 лица од грчка територијата во нашата држава.

– ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Х.М.(18) и А.А.(18), двајцата сириски државјани, со привремен престој во Република Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „шверцување мигранти“. На 01.08.2023 пријавените, во својство на водичи, илегално префрлиле 14 мигранти, од кои едно дете, сите од Сирија, од територијата на Република Грција во Република Македонија, информираат од МВР.

Покрај овој случај, ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против И.Д.(19) и Н.А.(21), двајцата државјани на Република Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено преминување на државната граница“.

– На 19.07.2023, пријавените со патничко возило на граничен премин Богородица префрлиле еден грчки државјанин во Република Македонија, прикривајќи го во багажниот простор од возилото, известуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…

Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…

НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…

Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…

ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…

Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…